Официјално отворена фабриката на „Кемет електроникс“

Bez autora
Oct 18 2012

Американската компанија „Кемет електроникс“ во четвртокот официјално отвори нова фабрика во Скопје, во која ќе произведува електронски производи наменети за авионската, воената, автомобилската и останата индустрија. Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои 9.000 се производствен капацитет. Производството започна денеска на две производни линии, а предвидено е да бидат пуштени уште седум. Бројот на вработени на почетокот изнесува 100 лица, но планирано е постепено да се зголемува и со дополнителни инвестиции да достигне на 500. На свеченоста присуствуваше и македонскиот премиер кој истакна дека биле потребни помалку од две години откако почнале разговорите и неполна година од почетокот на изградбата за „Кемет електроникс“ да има функционална фабрика во Македонија, што говори дека станува збор за добар тим со одлична организираност.

Официјално отворена фабриката на „Кемет електроникс“Американската компанија „Кемет електроникс“ во четвртокот официјално отвори нова фабрика во Скопје, во која ќе произведува електронски производи наменети за авионската, воената, автомобилската и останата индустрија.

Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои  9.000 се производствен капацитет.

Производството започна денеска на две производни линии, а предвидено е да бидат пуштени уште седум.

Бројот на вработени на почетокот изнесува 100 лица, но планирано е постепено да се зголемува и со дополнителни инвестиции да достигне на 500.

На свеченоста присуствуваше и македонскиот премиер кој истакна дека биле потребни помалку од две години откако почнале разговорите и неполна година од почетокот на изградбата за „Кемет електроникс“ да има функционална фабрика во Македонија, што говори дека станува збор за добар тим со одлична организираност.

Присуството на „Кемет електроникс“ во Македонија претставува и своевидна покана за многу други фирми со кои соработува меѓу кои се ХП, „Сименс“, „Филипс“, „Нокиа“, „Бош“, „Ериксон“, „Алкател“, „Моторола“, „Циско“ и многу други. Верувам дека голем број од нив ќе го следат примерот на „Кемет електроникс“ и ќе ја разгледаат Македонија како своја следна дестинација, изјави Груевски,

Тој потенцираше дека владата е подготвена да им овозможи што полесни услови за бизнис, како ниски даноци, намалени трошоци, кратки процедури и сето она што претставува интерес на компаниите и нивните менаџменти.

Главниот извршен директор на „Кемет електроникс“ Пер Луф информираше дека одлуката да се отвори фабрика во Македонија била донесена поради квалитетот на луѓето во државата и заради мудрата и паметна маркетинг тактика на македонската Влада.

Американскиот амбасадор Пол Волерс посочи дека инвестицијата на „Кемет електроникс“ покажува дека Македонија станува  вистински конкурент на светската бизнис-сцена во овие тешки економски времиња.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik